Connect with us

Фудбал

Гатузо го критикуваше Игуаин: Тоа мора да го промени

Тренерот на Милан Џенаро Гатузо го прокоментира вчерашниот натпревар на Гонзало Игуаин против својот поранешен клуб, кој нема да остави добри спомени на никој на „Сан Сиро“, а најмалку на самиот Аргентинец.

Покрај тоа што Игуаин кон крајот на првото полувреме промаши пенал, доби и црвен картон во 83. минута, по што потполно „збесна“ како никогаш претходно во кариерата.

Гатузо имаше по нешто да каже за лошата вечер на Игуаин и поразот од Јувентус со резултат од 2:0.

„Дали Игуаин требаше да го шутира пеналот? Мислам дека требаше, чувствуваше дека може да погоди, но промаши. Се случува тоа, не е лесно кога во таква ситуација шутирате пенал против својот довчерашен клуб. Притисокот на неговиот грб беше огромен, па можам да разберам“, рече Гатузо, па продолжи:

„Но, Игуаин мора да се промени, Мора да научи малку подобро да се контролира, затоа што не беше потребно така да однесува пред крајот на натпреварот. Доби црвен картон но се надевам дека ќе му се извини на судијата. Би требало повеќе да ги контролира емоциите во таквите моменти“.

Гатузо со тешко срце призна дека очекуваше пораз од Јувентус.

„Јувентус не е само најдобар тим во Италија, туку во целата Европа. Тие се во ранг со Барселона и Манчестер Сити и му честитам на победата. Жал ми е што не искористивме некои шанси на почетокот на второто полувреме, но ни недостасуваше острина“, додаде тренерот на Милан.