Фудбал
Гатузо им порача на играчите: Не можете секогаш да бидете Бред Пит, понекогаш мора да бидете грди како мене
Наполи денес го победи Удинезе на гости со 2:1 во натпреварот од 17. коло во Серија А.
Удинезе пропушти неколку неверојатни можности во второто полувреме да дојде до пресврт и да победи, но не успеа во тоа. Наполи строго ги казни промашувањата во 90. минута кога победничкиот гол го постигна Бакајоко.
После натпреварот, тренерот на гостинскиот тим, Џенаро Гатузо, беше во центарот на вниманието, велејќи им на своите играчи дека понекогаш мора да победат на „грд“ начин.
„Наполи секогаш сака да игра убав фудбал, но понекогаш да бидеш “грд” е добра работа. Не може секогаш да си Бред Пит со руса коса и сини очи. Понекогаш мора да си грд како мене. Сега изгледам полошо од вообичаено поради болест, но добро се чувствувам“, рече Гатузо, додавајќи:
„Во средата загубивме на овој начин од Специја. Одигравме неверојатен натпревар и мислев дека победата е сигурна, а потоа и шокот. Сега тоа на некој начин ни се врати“.