Connect with us

Фудбал

Гатузо повеќе не е тренер на Наполи!

Наполи не успеа да освои место во Лигата на шампионите.

Ремито на домашен терен со Верона во последното коло ги чинеше, а цехот го плати тренерот Џенаро Гатузо.

Имено, Гатузо повеќе нема да биде тренер на Наполи.

“Почитуван Рино, јас сум многу среќен што поминав скоро две сезони со тебе. Благодарен сум за твојата работа и ти посакувам среќа каде и да одиш. Испраќам прегратки на твојата сопруга и децата”, напиша првиот човек на клубот Аурелио де Лаурентис.

Наполи ја заврши сезоната на петтото место со 77 бода, додека Јувентус има 78, како и Аталанта.

Титулата шампион веќе ја обезбеди Интер.