Connect with us

Фудбал

Гатузо за неговиот проблем со окото: Само лудак би можел да го издржи тоа, некои пишуваат дека ќе живеам уште еден месец

Џенаро Гатузо неколку меча го предводеше Наполи со превез на окото. Очигледно е дека легендарниот фудбалер има здравствени проблеми, кои му влијаат на видот. На последната прес конференција се појави без превез и беше очигледно дека нешто не е како што треба.

Тој зборуваше за тоа и вели дека неговиот тим трпи поради ова, бидејќи се бори со болеста која ја има.

-Не е проблемот само во тоа што изгледа грозно, туку и дека се чувствувам исцрпено поради тоа. Замислите како е 24 часа на ден да гледате двојно. Само лудак како мене би продолжил да прави работи кои јас ги правам. На светот има и многу полоши работи. Ме боли што некои луѓе пишуваа дека ми останал само уште еден месец живот и дека умирам. Сакам да ги уверам сите дека тоа не е точно, а кога ќе умрам, сакам да ме однесете на стадион, таму беше мојот живот, вели Гатузо.