Фудбал
Газдата на Јувентус паркираше два автобуси, па со фотографијата испрати порака
Јувентус во средата го совлада Милан со 3:1 како гостин и со тоа покажа дека не треба да се отпишува во трката за титулата. Пред овој меч постоеја дилеми дали ќе се одигра или не. Двајца фудбалери на „Старата дама“, Алекс Сандро и Хуан Квадрадо беа позитивни на коронавирус, па властите порачаа доколку има нови играчи позитивни, нема да дозволи тимот да патува во Милано.
Сепак, Јувентус на дента на патувањето направи дополнителни тестови кои покажаа дека останатите се негативни. Воедно на ова гостување допатува со два автобуси, со што ги испочитуваа сите протоколи.
Првиот човек на тимот Андреа Ањели објави фотографија од двата автобуси со што испрати порака дека не бегаат од одигрување на мечевите. Со ова практично го „пецна“ Наполи кој на почетокот на сезоната не допатува во Торино поради неколку позитивни играчи. Тој меч прво беше регистрирани со службени 3:0 за Јувентус, но потоа одлуката беше поништена, па мечот ќе биде одигран. Овој меч ќе биде одигран на 13-ти февруари.
(picture by R. Scaletta) pic.twitter.com/3uMyMZRcRW
— Andrea Agnelli (@andagn) January 7, 2021