Connect with us

Фудбал

Газдата на Јувентус со црни прогнози: Ќе имаме загуби од 6 до 8 милијарди евра

Андреа Ањели прв човек на Јувентус и претседател на Здружението на европски фудбалски клубови во едно интервју даде црни прогнози за најважната споредна работа во светот. Како што вели тој, последиците веќе се чувствуваат и тоа многу во финансиското работење, а тоа најдобро се гледа преку трансфер пазарот каде што нема големи активности. Како што вели тој, проценките се дека досега клубовите загубиле околу 2,5 милијарди евра.

-Најоптимистичко сценарио е дека во следните две години нѐ чека тешка криза со загуби од шест ипол до осум ипол милијарди евра. А, бројките може да бидат и полоши, во зависност како ќе се развива комплетната ситуација, изјави Ањели.

Тој предлага уште сега да се направи целосен план за фудбалот за наредните 20-тина години, бидејќи како што вели, со сегашното функционирање и работа, ова е неодржливо на долги патеки.