Connect with us

Фудбал

Газдата на Сити плаќа 6.000 карти за навивачи за финале на ЛШ

Големото се-англиско финале на Лига на шампиони е закажано за 29. мај во Лисабон. УЕФА, по договор со португалските власти и управите на двата клуба, реши да подели по 6.000 карти за Челси и за Манчестер Сити.

„Тренерот Пеп Гвардиола и екипата имаа врвна сезона и нивниот пласман во финале на Лига на шампиони, после тешката година, претставува историски момент за клубот. Поради тоа многу е важно сите навивачите да имаат шанса да присуствуваат на овој посебен натпревар. Посебно оние кои беа со клубот во сите добри и лоши години“, изјавил сопственикот на Манчестер Сити.
Шеик Менсур решил од свој џеб да ги плати сите 6.000 влезници предвидени за навивачите на новиот англиски шампион Манчстер Сити.

Највредниот натпревар во европскиот клупски фудбал требаше да се игра на стадионот „Кемал Ататурк“ во Истанбул но по голем притисок на британската влада местото на одигрување да се премести поради тоа што Турција е на црвената листа земји кои Британија ги смета за високоризични од вирусот, финалето ќе се игра во Порто.