Connect with us

Фудбал

Газета дело Спорт тврди: Манчини ќе напаѓа со Имобиле и Белоти, а тука е и Скамака

Италијанската јавност очекува сигурна победа против Македонија утре вечер. Угледната Газета дело Спорт сепак потсетува дека за победа потребни се голови. А, веруваат дека тоа ќе го има, особено како што тврдат тие бидјеќи го имаат Имобиле, најдобриот стрелец во моментов во Серија А со 21 гол во лигата.

Газета дело Спорт тврди дека од самиот почеток на мечот Италија ќе напаѓа со Имобиле и Белоти, но тука е и Скамака од Сасуоло кој исто така има одлична сезона зад себе, кој се очекува да добие минутажа.

Што се однесува до дефанзивата, веројатно двајцата стопери ќе бидат Бастони и Манчини, а Киелини ќе биде на клупа. Нема да игра Бонучи, а од порано се знае дека Роберто Манчини не може да смета на Локатели, Киеза, Спинацола, а под знак прашалник е Толои.

Мечот се игра утре вечер во Палермо со почеток во 20:45 часот.