Фудбал
Герет Бејл покажа дека ќе биде незапирлив во МЛС
Герет Бејл го постигна својот прв гол за ФК Лос Анџелес.
Овој тим како гостин го совлада Спортинг Канзас Сити со 2:0, а Велшанецот ја заврши приказната на овој меч со гол во 83. минута од средбата.
Аранго погоди во 56. минута за водство на Лос Анџелес. Бејл доби шанса да игра десет минути по голот и постигна гол во 83. минута за конечен резултат на натпреварот од 2:0.
🏴 @GarethBale11 OPENS HIS LAFC ACCOUNT!!!#SKCvLAFC 0-2 pic.twitter.com/bcMHI59GgG
— LAFC (@LAFC) July 24, 2022
Одличниот офанзивец кој неодамна пристигна во Лос Анџелес е среќен што веќе го постигна својот деби гол на вториот натпревар.
„Најважно е што го добивме натпреварот. Убаво е да се влезе во игра и да постигнеме гол“, рече Бејл и додаде:
“Прилагодувањето беше нормално, како што очекував. Клубот не ме брза и се чувствувам се подобро и подобро. Сите во клубот прават се за да се чувствувам добро и се надевам дека наскоро ќе почнам да го играм мојот најдобар фудбал”, изјави Бејл..
Лос Анџелес ФК е прв во МЛС Западната конференција со 45 бодови и е еден од главните претенденти за освојување на шампионската титула.