Connect with us

Фудбал

Герет Бејл се согласи да се врати во Тотенхем ова лето

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, потпиша прелиминарен договор за враќање во Тотенхем ова лето. Велшанецот минатата сезона ја помина на позајмица во Спарс пред да се врати на Сантијаго Бернабеу. Сепак, договорот со Реал му истекува ова лето, па се чини дека Бејл е подготвен за трет период во северен Лондон.

Крилниот напаѓач има само три настапи во Ла Лига во досегашниот тек од сезоната и постигна еден гол. Велшанецот се мачеше со повреди во последните кампањи, што сериозно ги ограничи неговите настапи. Тој минатата сезона се појави 20 пати во Премиер лигата и постигна 11 гола. Сепак, Спарс не сакаа да го ангажираат трајно или пак да го позајмат. Бејл нема повеќе од 30 првенствени натпревари од сезоната 2014/2015.

Сепак, Велс се надева дека ќе биде на Светското првенство во Катар подоцна оваа година и крилниот напаѓач разбирливо би сакал да влезе на турнирот со доволно одиграни натпревари. Италијанскиот весник TuttoMercatoWeb пишува дека Бејл веќе потпишал договор за враќање во Тотенхем откако му заврши договорот со Реал.

Тој ќе добие и бонус при потпишувањето на договорот со лондончани поради немање трансферна сума.

За време на вториот период во клубот, 32-годишниот фудбалер потврди дека неговиот план отсекогаш бил да се врати во Мадрид, тврдејќи дека главната причина за неговата преселба во Англија била подготовката за Европското првенство минатата година.