Connect with us

Други спортови

Гергес ја одбрани титулата во Оукленд

Германката Јулија Гергес ја одбрани титулата на тениските терени во Оукленд (Нов Зеланд) со награден фонд од 250.000 долари.

Втората носителка на турнирот, Гергес ја победи 18-годишната канадска тенисерка, Бјанка Андреску со 2:6, 7:5, 6:1.

Тинејџерката, која за прв пат играше за трофеј од ВТА турнир, започна одлично и поведе со 4-0 на патот кон успехот во првиот сет.

Во вториот дел 152-та во светот Андреску израмни ран брејк негатива и дури поведе со 5:4, но подоцна искусната 30-годишна Германка, 14-та на светската ВТА листа, зеде девет од следните десет гема, за да го освои својот седми трофеј во кариерата.

По силната серија во Оукленд, Канаѓанка ќе напредува со 45 позиции до рекордното во кариерата 107-мо место на ВТА листата.