Connect with us

Ракомет

Германија без да игра доби нови бодови, резултатот регистриран со 10:0

Селекцијата на Германија со службени 10:0 го доби дуелот кој требаше да се игра против Зеленортски Острови. Сепак, поради два позитивни теста на ракометарите на оваа селекција мечот нема да се одигра, па така Германците победата ја добија на „зелена маса“.

Селекцијата на Зеленортски Острови за прв пат игра на СП во ракомет, а има 10 играчи, поради двата позитивни теста нема доволен број на ракометари според правилата.

Во првото коло, Германија го совлада Уругвај со 43:14, додека Зелено’ртски Острови пружија голем отпор против Унгарија во поразот 34:27.