Connect with us

Фудбал

Германија и Бразил стартуваат на мундијалот против незгодни ривали

На четвртиот ден од програмата на Мундијалот во Русија ќе ги проследиме дуелите на поранешните светски шампиони Германија и Бразил, кои во своите први натпревари ќе излезат против незгодни противници, со кои ќе се борат за поминување во следната фаза – Мексико и Швајцарија.

Први денот го отвораат нашите северни соседи Србија, кои на „Космос Арена“ во Самара ќе играат против Костарика во меч од групата „Е“.

Костарика Србија (14 часот)

Тимовите на Костарика и Србија го започнуваат своето учество на Светското првенство. „Орлите“ се враќаат во завршницата на светските првенства по осумгодишно отсуство. Тимот има амбиција да се претстави достоинствено во Русија, и за таа цел тие треба да земат три поени против репрезентацијата на Костарика.

Тимот од Централна Америка сепак постојано приредуваше пријатни изненадувања, вклучувајќи го и на последното Светско првенство во Бразил, каде што стигна до четвртфиналето без да изгуби. иако во составот немаат големи ѕвезди, тие во никој случај не треба да се потценат.

Србија пристигна во Русија во добро расположение. Тимот забележа победа со 5:1 во последниот контролен меч со Боливија и нашиот северен сосед ќе сака да продолжи со добрите игри и денес. Тимот располага со доволно класа во составот во лицето на играчи како Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Немања Матиќ, Александар Коларов, Душан Тадиќ, Адем Љајиќ и др. Па нема да биде изненадување ако успее да ја прескокне групата и дури да стигне далеку во турнирот.

Костарика не играше многу добро во контролните пред Светското. Избраниците на Оскар Рамирез дозволија два непријатни порази со 0:2 од Англија и со 1:4 од Белгија, па тренерот ќе мора да ја пронајде вистинската формула за да се спротивстави на посилните ривали во групата, во која се уште Бразил и Швајцарија.

Германија – Мексико (17 часот)

Светскиот шампион од 2014-та година на стартот ќе има многу тежок ривал во лицето на Мексико. „Панцирите“ се надеваат дека ќе ја започнат одбраната на титулата со победа, но ќе мора да се помачат сериозно за да ја постигнат оваа задача.

За време на подготовките за Мундијалот, Германија покажа непостојаност. Фудбалерите на Јоги Луев забележаа серија од 5 последователни контролни без успех (3 нерешени и 2 порази). Едвај во последната проверка, Бундестимот се разбуди и победи со 2:1 против Саудиска Арабија, но претставата и во овој меч исто така беше за критикување.

Затоа ќе биде многу интересно да се види како Германија ќе изгледа денес во првиот натпревар. Групата на Бундестимот воопшто не е лесна, со Шведска и Јужна Кореја во неа. Затоа е многу важно за играчите на Лев да почнат со победа и да си ја олеснат задачата за пласман во осминафиналето.

Мексико е традиционален учесник на завршниците на СП, откако ова е 16-ти нивни настап. Северноамериканците традиционално добро функционираат и во последните 7 настапи се пласираа во елиминациската фаза. Селекторот Хуан Карлос Осорио повторно има многу стабилен тим, иако без големи ѕвезди. Сепак, треба да се истакнат играчи како Андрес Гвардадо, Гилермо Очоа, Џовани дос Сантос, Карлос Вела и Хавиер Ернандез, кои имаат доволно искуство и може да го предводат тимот напред.

Швајцарија – Бразил (20 часот)

„Кариоките“ се определени од страна на повеќето специјалисти како голем фаворит на СП 2018. Сега, сепак, тие мора да ги оправдаат очекувањата со своите перформанси на теренот и да започнат со победа во првиот меч против Шајцарија.

Избраниците на Тите се пласираа убедливо за Мундијалот, завршувајќи на првото место во зона „Јужна Америка“, откако дозволија само еден пораз и беа цели 10 поени пред вториот Уругвај. Добрите перформанси на тимот продолжија на контролните дуели пред Светското првенство, со 5 победи и 1 нерешено. Токму тоа е причината за фаворизирање на Бразил.

Тите има тим полн со ѕвезди. Таму се играчи како Нејмар, Габриел Жезус, Марсело, Даглас Кошта, Филипе Кутињо, Роберто Фирмино, Тиаго Силва, итн. Кој и да пушти на теренот, менторот тешко ќе погреши, бидејќи на скоро секоја позиција има одличен заменик.

Сепак, швајцарскиот тим не треба да биде потценет. „Крстоносците“ се рангираа на нивното 7-мо Светско првенство и секој пат кога учествуваат, тие излегуваат од својата група. Иако без толку многу ѕвезди, тренерот Владимир Петковиќ има многу пристоен тим играчи кои играат во тимови од големите европски првенства. Големите ѕвезди во тимот се Џердан Шакири, Стефан Лихтенштајнер, Гранит Џака и Валон Бехрами, кои ќе мора да го носта тимот на свој грб.

Бразил традиционално го започнува силно учеството на светските првенства. Јужноамериканците не го загубиле својот прв натпревар од 1934 година, откако забележале 16 победи во вкупно 20 натпревари.