Connect with us

Фудбал

Германија по 20 години победена од Македонија, пред нас била Англија

Германија последен пат загуби квалификациски меч за Светско првенство во 2001 кога беа прегазени од Англија со 5-1.

Германија е една од најмоќните селекции во светот, а за тоа говори фактот што до мечот со Македонија немаа пораз во квалификациите за СП од 2001 година.

Ова е голем резултат за македонската селекција, која сега стои на второто место со шест бода. На врвот е Ерменија, која има „три од три“ на стартот од квалификацискиот циклус.

Неверојатен подвиг на нашата репрезентација, кој ќе се памети засекогаш.