Фудбал
Германскиот тим не се откажува, доставил понуда за Елиф Елмас
Иако не е во преден план во Наполи, иако добива мала минутажа, сепак и она што го поминува на теренот е доволно да покаже дека се работи за исклучително квалитетен фудбалер. А, тоа најдобро го знаат Германците. Според неколку италијански медиуми, Лајпциг и официјално доставил понуда за Елиф Елмас. Станува збор за понуда од 25 милиони евра. Оваа понуда е за летниот преоден рок, односно Лајпциг сака да го види Елмас во своите редови по завршувањето на сезоната. Останува да се види дали Делаурентис, првиот човек на Наполи ќе ја прифати оваа понуда.