Тајмаут
Германците пишуваат за силувањето, адвокатите на Роналдо најавиа тужбо
Адвокатот на Кристијано Роналдо порача дека ќе го тужи германскиот магазин „Der Spiegel“ откако истиот објави обвинувања на една Американка која тврди дека славниот фудбалер ја силувал во 20098. година.
Ројтерс синоќа потврди дека приватниот застапник на Роналчдо Кристиан Шертз испрати соопштение во кое обвиненијата изнесени во „Der Spiegel“ ги нарече „ недозволиво известување за сомнеж во подрачјето на приватноста“, па истака дека ќе поднесе тужба против германскиот весник.
Шертз обвинението го нарече илегално, но истакна дека тој во име на својот клиент ќе бара оштета за моралната штета настаната со објавување на споменатите обвинениа на сметка на Кристијано Роналдо, кое претставува „едно од најсериозните кршења на личните права во годините зад нас“.
Инаку, Кетрин Мајорга, тога студентка, изјавила дека Роналдо ја силувал пред девет години во хотелска соба во Лас Вегас, додека „Der Spiegel“ откри дека таа и Роналдо за целата ситуација постигнаа вон судска спогодба и Португалецот и платил 350.000 долари.
Меѓутоа Мајорга откри за „Der Spiegel“ дека жали што тогаш ја потпиша спогодбата за неоткривање на информации: „Имав сериозни проблеми. Се’ се повторуваше, него го обвинувам за силувањето, а себе затоа што потпишав“.
Од „Der Spiegel“ кажаа дека повеќе пати се обидоа да контактираат со таборот на Роналдо пред да ја објават оваа приказна, но не успеаа во тоа. Инаку, минатата година адвокатите на Роналдо исто така се заканиа дека ќе го тужат „Der Spiegel“ поради производство на „новинарски фикции“, откако беше објавен документот кој наводно ја докажува спогодбата на Мајорга и Роналдо.