Фудбал
Ги има Мбапе, Нејмар, Икарди, најефикасни се во лигата, но Покетино сака нов напаѓач
Маурисио Покетино дебитираше со реми на клупата на ПСЖ и тоа на мечот со Сент Етјен (1:1). Веднаш по натпреварот порача дека Килијан Мбапе мора подобро. Не бил задоволен од учинокот на напаѓачите во нападот.
Најновите информации од француските медиуми велат дека Покетино побарал од раководството нов напаѓач. Иако ги има Мбапе, Нејмар, Икарди, кои би ги посакал секој друг тренер, но и младиот Мојзе Кен, сепак Покетино сака уште еден „шпиц“. Наводно се интересира за Серхио Агуеро од Манчестер Сити.
Агуеро по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч, па доколку ПСЖ не го купи сега, речиси сигурно е дека следната сезона ќе се пресели во Париз.