Поврзи се со нас

Други спортови

Ги извади завоите: Грожан покажа како изгледаат неговите раце по страшната несреќа (ФОТО)

Францускиот возач Ромен Грожан доживеа страотна несреќа кон крајот на минатата сезона на трката за Големата награда на Бахреин.

Грожан по стартот удри во ѕидот покрај патеката, по што болидот експлодираше и се преполови.

Само благодарение на фактот што остана свесен и дека пожарникарите реагираа навремено, тој успеа да си го спаси животот.

Французинот се здоби со сериозни изгореници на рацете, поради што беше во завои до пред неколку дена. Но, тој конечно успеа да ги извади завоите и покажа како изгледаат неговите раце по оваа страшна несреќа.

Facebook

loading...