Connect with us

Фудбал

Ги мина лекарските прегледи, а во Барселона ќе ја има најмалата плата

Бразилецот Дани Алвеш на 38 години повторно ќе го облече дресот на Барселона. Уште кога самиот се понуди, а по доаѓањето на Чави, веројатно се претпоставуваше дека тој ќе се врати. Ги мина лекарските прегледи, а според информациите во Барселона ќе ја има најмалата плата, односно ќе игра за симболична сума на пари, само колку да се запазат минималните процедури и правила на Ла Лига. Во Барса доаѓа да помогне колку што може и секако поради љубов кон клубот.

Дани Алвеш исто така побарал договор до 31. декември 2022, на ум го имал мундијалот во Катар, но на крајот прифатил соработка до 30. јуни 2022.

 

 

Реклама

Facebook

Реклама