Connect with us

Фудбал

Ги нарекол играчите црви, навреди за сопственикот на клубот, а потоа добил отказ, или можеби не?!

Откако ги нарече своите играчи црви и го навредуваше претседателот на клубот Томас Џулини, Валтер Мацари доби отказ во Каљари. Или можеби не…

Според извештаите од Италија, Мацари добил отказ пред неколку дена, а клубот е во крајно незавидна позиција – со само два бода повеќе од Салернитана, која во моментов го држи местото над зоната за испаѓање. Сепак, тоа може да се промени доколку Салернитана ја победи Венеција.

Наводно, Мацари добил отказ бидејќи ги навредувал играчите и ги нарекол „црвена дупка полна со црви“ по поразот од Верона.

Тој додал бројни навреди кон претседателот на клубот, кој реши да реагира. Клубот преку соопштение им се заблагодари на сите членови на стручниот штаб на Мацари и го потврди нивниот отказ, но не и отказот на главниот тренер, за да остане „жива“ мистеријата за неговиот статус во клубот.

Излегува дека постои дупка што може да го доведе клубот во правни проблеми – наводно, Мацари има клаузула во договорот која вели дека „ако добие отказ додека тимот е надвор од опасната зона, тоа значи дека неговиот договор е всушност продолжен“.

Доколку клубот го потврди неговиот отказ, Мацари секако ќе бара доказ дека е неоправдано отпуштен. Во спротивно, платата ќе ја зема до 2024 година.

Иако официјално не потврдија дека го отпуштиле Мацари, клубот го назначи Алесандро Агостини за в.д. тренер на последните три натпревари од сезоната.