Connect with us

Кошарка

Ги продава шампионските прстени со ЛА Лејкерс за да и помогне на Украина

Поранешниот кошаркар на ЛА Лејкерс, Слава Медведенко решил да ги продаде своите два шампионски прстени освоени во НБА лигата во сезоните 2001 и 2002 година. Како што самиот вели, целата сума на пари ќе ги донира на Украина, поточно за помош на украинските деца.

-На нашата земја ѝ требаат многу пари за да ги поправи штетите во училиштата, велат од фондацијата на Медведенко.

Инаку, тој за НБА тимот Лејкерси играше од 2000-та до 2006-та година. Се пензионираше 2017-та година.