Фудбал
Ги променија правилата за Купот на Франција
Француската фудбалска федерација ги промени правилата за одржување на Купот на Франција за да може натпреварите да се играат дури и за време на пандемијата на коронавирус, информираат од РМЦ.
Условот дека „клубовите се обврзани да запишат најмалку 7 играчи во почетниот состав кои играле барем на еден од последните два натпревари на тимот“ е времено отстранет. За оваа промена одлучи Извршниот комитет кој заседаваше во петокот наутро. Така клубовите ќе можат да користат повеќе резерви, па дури и играчи од нивните младински формации.
Ова беше неопходно поради случаи како оној во Бордо, каде по 17 декември има 21 заразен играч. Тимот има само 7 здрави играчи пред натпреварот со Брест за Купот на Франција в недела.