Connect with us

Други спортови

Гимнастичарка со вежбањето ги полуде фановите, видеото собра милиони прегледи (ВИДЕО)

Сензацијата на социјалните мрежи, гимнастичарката и манекенка Оливија Дан (21) на своите 4,6 милиони следбеници на Инстаграм им даде увид во нејзините подготовки за сезоната и повторно „го освојува светот“. Само еден ден по објавувањето, ова видео има над три милиони прегледи, а во коментарите ја почести големата спортистка Лоло Џонс (41), четирикратна олимписка шампионка. „Она што таа го прави е навистина проклето тешко. Иако бев на три Олимписки игри, никогаш не можев да го направам тоа“, напиша Џонс.