Фудбал
Гирзман раскинал милионски договор со компанија, кога открил што Кина им прави на Ујгурите
Тортурата кон Ујгурите, од страна на Кинезите продолжува. Иако светот се уште е „глув“ за овие случувања, сепак полека еминенти личности го креваат гласот. Прв се побуни Месут Озил, а одговорот на Кинезите беше бришење на неговото име од интернет пребарувачот (нешто како Google), социјалните мрежи, дури го избришаа и од видео игрите.
Но, критиките продолжија. Нов, интересен потег, доста и храбар и одлучувачки направи Антоан Гризман од Барселона. Имено, тој одлучи да го раскине договорот со кинеската компанија Хуавеи поради нивната соработка со кинеската влада, секако како револт од она што им го прават на Ујгурите.

Гризман јавно објави дека го раскинува договорот бидејќи Хуавеи соработувал со кинеската влада во изработка на софтвер за препознавање на лица, кој го користеле за прогон на Ујгурите.