Connect with us

Тајмаут

Глуми дека е скромна и дека не и е важно материјалното, но се чини дека ја користи секоја прилика да покаже колку е богатa, девојката на Роналдо малку претерува (ФОТО)

Георгина Родригез во последно време е мета на критики бидејќи ја користи секоја прилика да покаже колку е богата, а овој пат повторно е во центарот на вниманието поради накитот со кој се „мафта“ додека се ниша покрај базенот. Таа отсекогаш тврдела дека материјалните работи не ѝ значат многу во животот, но нејзините потези кажуваат поинаку. Таа на социјалните мрежи покажа како се капе со накит на рацете вреден повеќе од 80.000 евра.

Накитот е од познат италијански бренд, а се работи за прстен и алка од бело злато од 18 карати со дијаманти. Заедно со овој накит, таа во еден момент покажа и часовник чија вредност се проценува на речиси 100.000 евра.