Поврзи се со нас

Фудбал

Го допре дното: Падот на Балотели – сега тренира со аматери

30-годишниот фудбалер Марио Балотели е без тим откако во јули се раздели со својот последен клуб Бреша.  Важеше за еден од најголемите таленти и многумина предвидуваа дека тој ќе биде една од следните големи ѕвезди во светот на фудбалот.

Вчера се појави вест дека Балотели по раскинувањето на договорот тренира со четвртолигаш за да ја одржи формата денес се појавија и фотографија. Станува збор за клубот Франчиакорте кој се натпреварува во Серија Д.

Се работи за аматерски тим од регионот на Бреша. Балотели им се приклучи само за да тренира, но не и да игра натпревари. Голгетерот во јануари ќе се обиде да најде нов клуб, откако летово беше ослободен од Бреша. Лани не се прослави со настапите за овој клуб во Серија А и експресно се врати во второлигашката конкуренција. Балотели беше во лош однос со претседателот на клубот и уште еднаш потсети дека неговиот карактер сериозно му ја уништи кариерата.

loading...

Facebook