Други спортови
Го гледате Џошуа на врвот, но се лажете!
Поранешниот британски боксер и шампион во велтер категорија, Рики Хатон, говореше за моменталната состојба во тешка категорија и ривалството меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури.

Хатон откри дека предноста е на страната на Фјури, иако Џошуа има титули во три верзии.
- Многумина го гледаат Џошуа на врвот, а мислам дека таму ќе го гледаат дури и ако Фјури го освоеше ВБЦ појасот во мечот со Вајлдер. Лично, за мене Фјури е најдобар. Тој никогаш не ги загуби титулите во рингот, а имаше и меч со Вајлдер, кој има 39 нокаути во 40 победи, изјави Хатон.
Хатон во кариерата се бореше во велтер категорија, а имаше резултат од 45 победи и три порази, па сега работи како тренер и промотер.