Фудбал
Го избраа да суди на Мундијало, а потоа доби доживотна суспензија
Судијата од Саудиска Арабија доживотно е суспендиран поради обид за корупција.
Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија објави дека судијата Фахад Ал Мирдаси е доживотно суспендиран поради тоа што бараше мито пред почетокот на натпреварот од домашниот Куп.
Интересно е тоа што, овај судија е еден од 36 судии кои се избрани од страна на ФИФА да судат на претстојното Светско првенство во Русија.
На сослушувањето пред комитетот на фудбалската федерација, судијата признал дека барал пари за да му помогне на екипата Ал Итихад во натпреварот од купот против екипата Ал Фаизали.

Ал Итихад веднаш реагираше на против законската понуда на судијата, и тој доби суспензија неколку часа пред почетокот на натпреварот.
Дисциплинската комисија веднаш ја контактираше ФИФА, од која побара на судијата Фахад Ал Мирдаси да му се оневозможи судење на било какво интернационално ниво. Тој во притворот призна дека е крив за обид за изнудување пари во замена за помош на фудбалскиот терен.
ФИФА побара додатни информации од Саудиска Арабија во врска со суспендирањето на Фахад Ал Мирдаси, а потоа би требало да донесат одлука за неговиот ангажман на Светското првенство во Русија.