Connect with us

Фудбал

Го киднапирале 12 дена, потоа синот му приреди неверојатен момент-На таткото на Луиз Диаз ќе му „излезеше срцето“ од среќа (ВИДЕО)

Луис Дијаз постигна два гола за победа на Колумбија против Бразил, со што особено го израдува својот татко, кој пред неколку дена беше киднапиран.

Криминална банда 12 дена го држела таткото на колумбискиот фудбалер Луис Дијаз. Несреќниот човек минатата недела конечно беше ослободен и Луис во солзи му притрча во прегратка, а сега го доживеа својот син да го израдува на прекрасен начин – со голови против Бразил! Дијаз со два гола и донесе победа на Колумбија над Бразил (2:1) во квалификациите за СП 2024. Интересно е што Бразил водеше од 4. минута со голот на Мартинели, за Дијаз да го „насочи“ пресвртот во само четири минути. Тој најпрвин погоди во 75. минута на додавање на Борха, а потоа на додавање на Родригез во 79. минута. Погледнете ја реакцијата на таткото на Луис Дијаз, кому „срцето за малку му искочило“ од среќа на синот: