Connect with us

Тајмаут

Го освои Светското првенство, но остана без сопруга, два стана и уште многу работи, откако ја изневери сопругата, заврши на суд, а таа го „ограби“

Не сакала лесно да се помири со неверството на нејзиниот сопруг Камила Хомс, па се што сакала добила на суд!

Родриго Де Паул го освои Мундијалот во улогата на „телохранителот на Меси“, но освен фудбалскиот, во текот на целиот Мундијал го „следеше“ и љубовниот живот. Тој за време на Светското првенство откри дека е во врска со актерката Тина Стосел, иако се уште беше во брак со Камила Холмс!

Долгогодишната сопруга веднаш го тужеше познатиот фудбалер, а на крајот и се исплатеше! Се разведоа, таа го доби на суд и сега по разводот беше пресудено дека Де Паул на поранешната сопруга мора секој месец да и плаќа 10 отсто од месечната плата.

Нивните деца Франческа и Баутиста останаа со нивната мајка која ќе се грижи за нив, а Камила јавно го критикуваше упорниот играч за врска дека не им обрнува доволно внимание на децата. Сега веднаш доби 150.000 евра, а со сето тоа Де Паул треба да плати Камила и децата да патуваат во Мадрид за да можат децата да го гледаат својот татко на секои 45 дена.

Покрај сето тоа, Камила доби и два стана и џип „ленд ровер“ чии трошоци за одржување ќе ги плати и Де Паул.

Но, се чини дека Де Паул не се грижи многу за тоа, бидејќи ужива со новата девојка!

 

Мартина Стосел е актерка која е релативно позната во Аргентина, а по врската со фудбалер и слика со него од Катар, се најде во центарот на вниманието на јавноста. „Одлично се сложуваме, добро ни оди. Не се гледавме некое време поради работата, но уживаме кога сме заедно. Двајцата сме многу активни, сакаме да се дружиме со луѓе и добро се забавуваме време“, рече еднаш Родриго. Ова е Мартина Стосел: