Connect with us

Тајмаут

Го паметиме како голем талент на Манчестер Јунајтед, а денес работи како моден стилист

Многу фудбалери остануваат во светот на спортот и откако ќе ја завршат кариерата на теренот, но истото не може да се каже и за некогашниот голем талент на Манчестер Јунајтед, Дејвид Белион.

Французинот во 2003 година во Манчестер Јунајтед беше донесен од самиот Сер Алекс Фергусон и му плати тогаш не така „евтини“ три ипол милиони евра од Сандерленд. Тој играше за „црвените ѓаволи“ до 2006 година и забележа 40 настапи, но никогаш не го достигна својот целосен потенцијал.

Сепак, тој постигна осум гола и додаде три асистенции додека играше за славниот тим на Фергусон, а потоа талкаше по разни клубови во Франција и Англија како Вест Хем, Ница, Бордо и Ред Стар. Белион (41) кариерата ја заврши во 2016 година во францускиот нисколигаш Ред Стар, а потоа неговиот животен пат го одведе во сосема поинаква насока. Денес тој е моден стилист.

Тој не само што се занимава со мода, туку е персонализиран моден стилист за бројни фудбалери, а најдолгата соработка ја има со поранешниот играч на Челзи и Милан Тиемуе Бакајоко. Во интервју за француски GQ тој зборуваше за љубовта кон стајлингот и за тоа како соработувал со бројни фудбалери и бил задолжен за нивниот изглед. Тој откри дека неговата љубов кон модата датира уште од времето кога играл за Манчестер Јунајтед.


„Кога ќе завршев со тренингот, веднаш одев во шопинг. Одев во продавници само за да гледам облека, понекогаш дури и не морав да купам ништо. Јас сум голем романтичар и совршено го прифаќам тоа во мојот начин на гледање нештата, во разговорот со луѓето… Имам малку детска страна. Немам развиен натпреварувачки дух, повеќе сум опседнат со убавината“, изјави Белион за GQ. Најинтересна од се е изјавата дека „појавувањето во францускиот моден магазин GQ му било задоволство колку и потпишувањето договор со Манчестер Јунајтед“.

Advertisement