Connect with us

Фудбал

Го платија 140 милиони, сега го исфрлија од тимот, напаѓачот мора веднаш да замине од Барселона

Барселона повеќе нема да смета на услугите на Осман Дембеле. Ова го Матеу Алемани, извршен директор на клубот, откако напаѓачот одби да го продолжи договорот. Дембеле е исфрлен од тимот и се надеваат дека до крајот на зимскиот преоден рок, тој ќе биде продаден на друг клуб. Ако во јануари не го продадат, на лето ќе си замине како слободен играч.

-Разбираме дека одлуката на Дембеле е да не останува во Барселона. Ние веќе му соопштивме дека повеќе не сметаме на него. Сакаме само играчи кои се посветени  на клубот и му кажавме на Дембеле дека треба да си замине што е можно поскоро“.

Инаку, Барселона во 2017-та година плати 140 милиони евра на Борусија Дортмунд за Дембеле, кој никако во изминатите години да се наметне со квалитетот, пред се поради бројните повреди.