Фудбал
Го повикуваше во неговиот тим, а сега тврди: Ибрахимовиќ сигурно не останува во Милан
Синиша Михајловиќ важи за добар пријател со Златан Ибрахимовиќ. Пред да дојде во Милан, тренерот на Болоња го повикуваше Швеѓанецот да дојде кај него. Сепак, Ибра се одлучи да се врати во „Градот на Модата“.
Сега, Синиша Михајловиќ вели дека Ибра сигурно нема да остане во Милан по крајот на сезоната. Дали знае нешто повеќе, или е само претпоставка?
-Се слушнавме пред неколку дена. Ќе видиме што ќе одлучи, но сигурно нема да остане во Милан. Дали ќе дојде кај нас во Болоња, или ќе се врати во Шведска, не знам, вели Михајловиќ, а пренесуваат италијанските медиуми.
Михајловиќ и Ибра соработуваа во Интер, кога славниот српски фудбалер беше тренер во овој клуб.