Фудбал
Го прашаа тренерот на Барселона за битката за титулата, неговиот одговор нема да им се допадне на фановите
Барселона не е иста со и без Меси во соствот. Синоќа Каталонците одиграа само 1:1 на домашен терен против Еибар без Аргентинецот, кој доби неколку дена повеќе за одмор и е во татковината. Брајтвајт промаши пенал, гостите поведоа преку Кике во 57-а, а потоа Дембеле во 67 ги постави конечните 1:1.
Барселона оваа година ќе ја заврши на ниското шесто место со седум бода помалку во однос на Атлетико и Реал кои имаат по 32.
Прашан за трката за титулата тренерот Роналд Куман, иако изјави дека ништо не е невозможно, сепак не верува дека ќе успеат да се искачат на тронот.
-Реално тешко дека ќе дојдеме до неа. Ништо не е невозможно, меѓутоа свесни сме за разликата. Атлетико е многу добар тим и примија многу малку голови, изјави Куман.
Во следното коло кое се игра на 3-ти јануари, Барселона гостува на Хуеска.