Фудбал
Го прашуваме Адеми, Хрватска или Македонија? „Ќе дадам се од себе да одиме понатаму со Македонија“

Дојде и тој голем ден, Македонија игра на Европско првенство со Австрија, дали веруваме во победа го прашавме Хрватот Аријан Адеми.
Секако дека веруваме, како и на секој натпревар. Ќе дадеме се од себе и се надеваме на што подобар резултат.
Аријан, имаше дилеми Хрватска или Македонија? Дали сега се испплати се она што го вложи за да играш за македонската репрезетација?
Секако, среќен сум и горд што сум дел од сето ова. И ќе дадам се од себе да одиме уште подалеку.
Како против Австрија?
Па тешко! Тие се тешка репрезентација, ќе треба да вложиме многу труд ако сакаме да ги победиме.
Што ќе реши?
Па, секој мал детаљ може да одлучи.