Поврзи се со нас

Фудбал

„Го сакам Лионел Меси, но повеќе го сакам моето семејство и работата во Барселона“

Како што е познато пред почетокот на оваа сезона беше голема неизвесноста дали Лионел Меси ќе остане или ќе замине. Тој побара раскинување на договорот, Барселона не го дозволи тоа, па ќе го одработи до крај својот договор кој истекува по завршувањето на оваа сезона. Сепак, не е ништо се уште сигурно, Жозеп Бартомеу не е повеќе претседател, работите почнаа да се менуваат, па Меси може да се предомисли.

Сепак, не се сите среќни што Аргентинецот остана. Функционер на клубот, кој сакал да остане анонимен, за спортскиот магазин, „FourFourTwo“, кој е месечник, изјави дека останувањето на Меси значело и кратење на финансиите, се со цел тој да ја добие потребната плата.

-Неговото останување значеше дека ќе има кратења и кратења кај платите на вработените, само за да може да се исплати платата на Меси. Го сакам јас Лионел, многу направи за нашиот клуб, за фудбалот во целина. Но, си го сакам своето семејство и работата повеќе од тоа, вели функционерот.

Инаку, Меси се уште се поврзува со трансфер во Манчестер Сити кај Пеп Гвардиола. Наводно веќе во јануари англискиот тим ќе тргне во офанзива по негово ангажирање, а можно е по завршувањето на сезоната како слободен да се пресели во англискиот тим.

 

loading...

Facebook