Connect with us

Други спортови

Го совлада Ѓоковиќ, заработи 2,35 милиони фунти, но Алкарас се враќа да живее во стан над продавница за донер, со мама и тато (ФОТО)

Светскиот рекет број 1, Карлос Алкарас оди дома да живее во станот на неговите родители над ќебапчилницата – дури и откако освоил 2,35 милиони фунти на Вимблдон. 20-годишниот Алкарас го симна од тронот Новак Ѓоковиќ по спектакуларниот меч од пет сета.

Серијата од 46 победи на српската легенда на Централниот терен – која датира од пред 10 години – беше прекината со победата од 1-6 7-6 6-1 3-6 6-4 за брилијантниот Шпанец. Ѓоковиќ потоа се расплака додека го добиваше вицешампионскиот трофеј од принцезата од Велс Кејт Мидлтон . Но, Алкарас, чиј огромен победнички чек ќе му додаде на неговото проценето богатство од 18 милиони фунти, сè уште останува во стан од 170.000 фунти со мајка му и татко му . Тој има спонзорски договори со фирми како што се Луј Витон и Келвин Клајн, но сепак избра да остане над продавница за турски кебап и пица.