Connect with us

Фудбал

Го спаси Ливерпул од пораз во 95-та минута, па пред камерите и полниот стадион порача: Слобода за мојот татко! (ВИДЕО)

Ливерпул одигра 1:1 на гостувањето кај Лутон, ова е добар резултат за нив на крајот, бидејќи се спасија од пораз. Чонг во 80-тата погоди за водство на Лутон од 1:0 и овој резултат беше активен до 95-тата минута кога Диаз погоди за 1:1. Ова беше воедно емотивен момент за него, бидејќи веднаш го крена дресот и ја покажа пораката до киднаперите на неговиот татко да го пуштат. Пред неколку дена непознати лица ги киднапирале неговиот татко и мајка. Мајката е пуштена и пронајдена, додека се уште го бараат неговиот татко.

Standings provided by Sofascore