Фудбал
Годин се договори со Интер
Шпанскиото радио “Кадена СЕР” е убедено дека италијанскиот калчо гигант Интер има излезено како победник во трката по потписот на уругвајскиот интернационалец од редовите на Атлетико (М), Диего Годин.

Централниот дефанзивец на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч, а “нероазурите” ја искористија можноста да ангажираат одличен играч за 0 евра.
Според радиото, Уругваецот ќе потпише 2-годишен договор со калчо гигантот, а за време на престојот на “Џузепе Меаца”, Години ќе заработи околу 11 мил. евра.