Други спортови
Ѓоковиќ: Бев феноменален
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ убедливо со 2:0 го совлада Американецот Тејлор Фриц во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати.
Тој во своите изјави по натпреварот истакна дека е задоволен од прикажаната игра и дека очекува да продолжи во ист ритам и во полуфиналниот меч. Во борбата за место во финалето, Новак Ѓоковиќ ќе се сретне со Германецот Александар Зверев.
Новак Ѓоковиќ со победата во Синсинати стигна до 75. полуфинале на АТП турнирите од категоријата илјада, а следниот меч на Новак Ѓоковиќ е против Саша Зверев на полноќ, ноќта меѓу сабота и недела.
“Мислам дека одиграв навистина феноменален натпревар, особено во првиот сет. Совршен сет, навистина, без многу грешки. Веднаш почнав навистина тешко од основната линија и го натерав да направи многу грешки. Тој беше малку понервозен на почетокот. Потоа одиграв малку послаб сервис гејм во вториот сет, му дадов брејк. Тогаш, да речеме, малку оживеа и почна да игра подобро. Сепак, од 2-4 играв. Четири цврсти, многу цврсти гејма. Го натерав да менува по секој прв сервис што го уфрли. Толку се трудев едноставно да го диктирам темпото од основната линија. Одличен натпревар, со нетрпение го очекувам следниот предизвик утре“, рече Ѓоковиќ .
Со оваа извонредна форма, Новак Ѓоковиќ е на само две победи до нова титула во Синсинати. Тоа би бил одличен вовед за почетокот на УС Опен во Њујорк.