Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ ја откри најважната лекција која ја научил од Федерер: Му благодарам!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја откри најважната лекција што ја научил од својот голем ривал Роџер Федерер. Во интервју за ESPN, Ѓоковиќ призна дека следејќи го Швајцарецот научил подобро да го организира календарот на натпревари, што му помогнало на многу начини да го достигне врвот.

„Едно нешто што научив од Федерер е како да го организирам мојот календар за да ја добијам мојата најдобра форма на Грен слем турнирите“, рече Ѓоковиќ, додавајќи:

“Тој беше еден од првите тенисери што го подигна планирањето на друго ниво. Неговата организација ме инспирираше многу – земав белешки разговарајќи со мојот тим за тоа. Го гледав него, неговиот тим и неговиот распоред. Затоа морам да му се заблагодарам за тоа“, откри Новак.

Инаку, по настапот за Србија во Дејвис купот, Ѓоковиќ реши да земе „годишен одмор“, па на теренот ќе го гледаме дури во ноември. Ѓоковиќ најави дека нема да игра на турнирот од серијата Мастерс во Шангај, а до крајот на годината ќе настапи само во три натпреварувања. Новак најпрво ќе игра на Мастерсот во Париз кој се игра во првата недела од ноември каде го брани финалето од лани. Потоа, од 12 до 19 ноември ќе се одржи завршниот Мастерс во Торино, кој го освои минатата година. Ѓоковиќ ќе ја заврши годината со учество на завршниот турнир во Дејвис купот во Малага, кој ќе се игра од 21 до 26 ноември, каде Србија во четврт-финалето ќе игра против Велика Британија.