Други спортови
Ѓоковиќ лесно до осмина финалето на Ролан Гарос
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во осмина финалето на Ролан Гарос.
Ѓоковиќ во третото коло беше подобар од Роберто Баутиста-Агут, а по помалку од четири часа игра, резултатот беше 3:1, (6:4, 6:7, 7:6, 6:1).
Ѓоковиќ очигледно се буди и се враќа на старите патеки, и по лесно победи во првите две кола, и денес сосема лесно дојде до триумф над Шпанецот, кој знае да биде опасно.
На Новак му беше доволен еден брејк во првиот сет, во 10. гем за конечни 6:4. Во вториот сет имаше два брејка, по еден на двете страни, но во тај-брејкот Шпанецот дојде до изедначување.
Иако водеше 3-1 во третиот сет, на 5:3, Баутиста му дозволи на Ѓоковиќ да се врати, па Србинот дојде до ново водство од 2: 1.
Во решавачкиот сет, Ѓоковиќ лесно дојде до 3: 0, но на 5: 2 не ја искористи меч топката, но сепак, дојде до победа во следниот гем, во кој дојде до уште еден брејк.
Во следната рунда Ѓоковиќ за свој противник ќе го има Вердаско.