Други спортови
Ѓоковиќ му одговори на Надал за „фрустрациите“, а одговорот е доказ зошто Новак е толку голем!
Новак се фотографираше со навивачите, го гледаше натпреварот Шелтон – Синер, а потоа искрено „до коска“ раскажа што мисли за нервозната изјава на Рафаел Надал. Пред ТВ камерите во интервју за Movistar, Надал беше малку незгоден, па зборуваше за „фрустрацијата“ на Ѓоковиќ – всушност ја покажа својата фрустрација што падна рекордот.
–Верувам дека во рамките на моите можности направив се што беше можно за работите да испаднат најдобро што може. На пример, верувам дека Новак го доживеа сето тоа многу поинтензивно од мене. За него мислам дека е фрустрација… Мислам, голема фрустрација би му била ако не успее. Можеби затоа и успеа, изјавил Надал.
– Видов дека стана доста вирално, дека луѓето зборуваа за тоа. Секој има право на свое мислење и како ќе толкува некој друг во тој контекст. Тоа е се што можам да кажам. Рафа е голем шампион, многу го ценам и почитувам како шампион, како мој најголем ривал, како човек и тенисер кој во голема мера учествуваше во обликувањето на мојата игра и резултатите што ги постигнав. Немам намера на кој било начин да зборувам во негативен контекст за него или за Роџер Федерер, бидејќи мојата почит ги надминува можеби некои негативни мислења за нив. Тоа е негово мислење, со кое, се разбира, не се согласувам. Имам свое мислење, но нема да го споделам бидејќи не сакам да ја продлабочувам темата. Воопшто нема потреба од тоа, изјави Ѓоковиќ.