Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ направи шоу во Мелбурн, заигра оро на теренот (ВИДЕО)

Непосредно пред почетокот на Австралија опен, во арената Род Лејвер во Мелбурн беше организиран хуманитарен натпревар на кој учествуваа Новак Ѓоковиќ, Арина Сабаленка, Марија Сакари и Стефанос Циципас. Ѓоковиќ, без никакво сомневање, најголемата ѕвезда на Австралија Опен, пред изложбата приреди шоу на теренот. Имено, кога тој излегол на теренот, бил пречекан од локалното фолклорно друштво играјќи коло.