Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ: Одлична победа по неколкумесечна пауза

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ смета дека оствари „одлична победа“ против Јаник Синер во второто коло на Мастерсот во Монте Карло.

Србинот се пласираше во осминафиналето на првиот мастерс на земја оваа сезона, откако го победи 19-годишниот Италијанец со 6:4, 6:2.

„Чувството е одлично. Вежбам тука со години, како да играм дома. Ова беше добар натпревар. Имав тежок ривал, Јаник играше финале во Мајами, тој игра добро. Успеав да ги пронајдам вистинските удари во вистинско време“, рече Новак веднаш по натпреварот.

Тоа беше прв натпревар за Ѓоковиќ по освојувањето на титулата на Австралија опен.

„Голема победа по неколкумесечна пауза. На почетокот на мечот, додека работите се собираа заедно, ми требаше време да влезам во ритам. Јаник е во одлична форма, знаев дека ќе биде голем предизвик. Играв вистински тенис во вистинско време и успеав да надминам голема пречка“.

Следниот ривал на српскиот тенисер ќе биде победникот од дуелот Еванс – Хуркач.