Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ противник на Надал во финалето на Ролан Гарос

Париз, 9 октомври 2020 (МИА) – Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ го победи Стефанос Циципас во пет сета и се пласираше во финалето на Ролан Гарос . Во меч што траеше безмалку четири часа, Србинот победи со 6:3, 6:2, 5:7, 4 6 и 6:1.

Во меч за трофејот, в недела Ѓоковиќ ќе се сретне со Надал.

За српскиот тенисер ова ќе биде петто финале во француската престолнина и вкупно 27-мо на Грен слем турнирите.

Вкупниот награден фонд на Ролан Гарос изнесува 38 милиони евра. зс/