Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“.

Ѓоковиќ по три одиграни сета со 3:0 (6:3, 6:4, 6:2) успеа да го совлада шпанскиот тенисер Фернандо Вердаско.

Српскиот тенисер против Вердаско релативно лесно победи и прикажа сигурна игра, што наговестува дека се враќа во старата препознатлива форма.

За Ѓоковиќ ова е деветто четвртфинале во низа на „Ролан Гарос“.