Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ со контроверзна песна го предводеше српскиот тим на теренот, остри реакции од Црна Гора и Косово (ВИДЕО)

Дејвис куп репрезентацијата на Србија синоќа го привлече вниманието на регионалната јавност со песната што Новак Ѓоковиќ и друштвото ја свиреа на теренот во Малага, Шпанија.

На претставувањето, српските репрезентативци се појавија со песната „Весели се српски роде“, која важи за националистичка. Во Црна Гора и Косово сметаат дека оваа песна повикува на припојување на нивните територии кон Србија. Во песната се спомнуваат делови од споменатите земји со желба „да се вее српското знаме“ од Призрен (Косово) до Румија (Црна Гора).

“Косово и Црна Гора“, претерано. Ѓоковиќ продолжува со промоција на својата руско-српска националистичка агенда. Дејвис Куп, треба да се срамите, напиша на Твитер, црногорскиот политичар Љубомир Филиповиќ.

„Оваа песна е популарна помеѓу српските ултранационалисти, е коментар на популарната Твитер страница од Косово.

Инаку, Ѓоковиќ го совлада Камерон Нори со 2:0, а Миомир Кечмановиќ со истиот резултат го совлада Џек Дрејпер. Така Србија се пласираше во полуфиналето, каде ќе ги одмери силите со Италијанците.