Други спортови
Ѓоковиќ со први зборови по судската одлука
„Сакам да дадам кратка изјава за да се осврнам на одлуката на судот претходно денеска. Сега ќе одвојам малку време да се одморам и да се соберам пред да дадам дополнителни коментари“, рече Ѓоковиќ.
„Разочаран сум од одлуката на судот да не ми го одобри барањето за преиспитување на одлуката на министерот за укинување на мојата виза, што значи дека не можам да останам во Австралија и да играм на Австралија опен. Ја почитувам одлуката на судот и ќе им помогнам на надлежните органи во процесот на моето заминување од земјата.
„Не сум среќен што целиот фокус е на мене во последната недела и половина. Се надевам дека сега сите ќе се фокусираме на играта и на турнирот. Сакам на сите играчи, официјални лица, вработени, волонтери и навивачи да им посакам се најдобро на турнирот.
„На крај, но не и најмалку важно, би сакал да им се заблагодарам на моето семејство, пријателите, тимот, поддржувачите, навивачите и српските другари за нивната континуирана поддршка. Вие бевте неверојатен извор на сила за мене“, заклучи Србинот.