Други спортови
Ѓоковиќ во луксуз од 10.000.000 евра! Погледнете ја неговата вила во Шпанија – вистинско чудо, а ја купил поради една причина!
Србија во четврток од 16 часот ќе го започне учеството во финалето на овогодинешното издание на Дејвис купот, каде прв ривал е селекција на Велика Британија. Па, тоа беше можност шпанските медиуми да го „потрпаат“ Новак Ѓоковиќ со прашања. Одговараше на тениски, но и нетениски прашања, како на пример за неговата вила во Марбеља!
На само 60 километри од Малага, Ѓоковиќ има прекрасна зграда која ја купил пред неколку години. Често престојува во Коста дел Сол, како што се нарекува тој дел од Марбеља, а сега се отвори зошто се населил таму. „Тоа е еден од најубавите делови на светот. Го сакам фактот што е сончево во текот на целата година и за тенисер нема многу подобри места кога станува збор за времето во Европа. За тенисерите, кои доаѓаат овде во различно време од сезоната и годината е важно затоа што секогаш може да се игра тенис надвор. Ова е многу важно за почетокот на годината и за турнирите во Австралија“, рече тој.
